Зенит им се врати на победите во Евролигата откако славеше на домашен терен против актуелниот шампион Ефес со 76-67. Појтрес ги предводеше домаќините до 13. триумф во сезоната со 21 поен и 9 скока, додека Василије Мициќ беше лидер на гостите со 22 поени, 6 скока и 3 асистенции.
Црвена Звезда славеше во „црвено-белиот“ дуел против Олимпијакос со 72-76 нанесувајќи го третиот пораз во низа на грчкиот состав. Везенков беше лидер на домаќините со 20 поени и 8 скока, додека Добриќ беше прво име кај гостите со 14 поени и 4 асистенции.
На победите им се врати и Барселона која на домашен терен го совлада АСВЕЛ со 84-71. Лапровитола кај домаќините и Фал кај гостите беа лидери на тимот со по 20 поени на кои центарот додаде и 7 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА