Партизан по осум години повторно ќе биде дел од европскиот кошаркарски крем, а враќањето во Евролигата предизвика голем интерес кај навивачите на „црно-белите“. Белградскиот тим продаде 10 илјади сезонски карти за само 24 дена, поставувајќи нов рекорд во престижното натпреварување.
Партизан не запира тука бидејќи цели да го престине Макаби Тел Авив кој ги продаде сите 10.823 карти за евролигашките средби во арената „Менора Мивтахим“. Новата цел на српскиот гигант е 12 илјади сезонски карти, а со оглед на интересот очекувањата се дека ќе се достигне и оваа цифра.
Партизан домашните натпреварувања ќе ги игра во „Комбанк Арена“ која има капацитет од 18 илјади места, а интересно, останатите шест илјади карти нема да бидат дел од „сезонските продажби“ со што се остава простор за поединечно купување на билет за кошаркарските љубители.
Over 1️⃣0️⃣.0️⃣0️⃣0️⃣ season tickets and counting!
We make @EuroLeague History together 🖤🤍#KKPartizan #EuroLeague #ABALiga pic.twitter.com/4pzFJ00oLO
— KK Partizan NIS (@PartizanBC) September 8, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА