Евролигашка „трансфер-бомба“: Миротиќ ќе игра за вицешампионот на Европа

Евролигашкиот пазар е се поактивен, па така денеска беше „детонирана“ уште една „трансфер-бомба“ поврзана со големиот ас Никола Миротиќ.

Црногорецот со шпански пасош веќе најави дека ќе си замине од Олимпија Милано, а негов нов клуб од денеска е Монако, со кого Миротиќ потпиша двогодишен договор. Актуелниот европски вицепрвак предводен од тренерот Спанулис успеа да го убеди Миротиќ да го избере токму Монако за следна дестинација во својата блескава кариера.

„Монако е клуб што е при самиот врв на Евролигата во последните години и поседува потенцијал да расте уште повеќе. Сакав нов предизвик и верувам дека ја донесов вистинската одлука. Се уште сум способен, можам да помогнам мојот тим да се бори за трофеи, затоа и дојдов овде. Она што Монако како тим го оствари за така кратко време е неверојатно, знам дека пред овој клуб е блескава иднина и затоа прифатив да бидам дел од оваа успешна приказна“, изјави Миротиќ по потписот на договорот со „кнезовите“.

Се вчитува...