Фантастичната сезона во Евролигата добива и спектакуларен „крај пред крајот“ во кој ќе се одиграат три „мајсторки“ со кои ќе бидат одлучени тимовите кои ќе и се приклучат на ЦСКА Москва на финалниот турнир во Келн.
Strap IN. Game 5s have arrived!#RISETOGLORY pic.twitter.com/MCn40xq2e7
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 4, 2021
Претставата започнува од 18 часот и 45 минути со натпреварот помеѓу Ефес и Реал Мадрид за кој малкумина веруваа дека ќе стигне до одлучувачки 40 минути со оглед на тоа што турскиот тим покажа доминантно лице на почетокот на серијата.
„Играме голема серија. Понекогаш во неа уживаме, понекогаш и се губиме во последните моменти, но заслуживме да се бориме во оваа приказна со кошарката која ја играме веќе три сезони. За ниеден голем успех не е лесно. Го почитуваме Реал и Ласо, но веруваме и во себе. Ќе победиме и нашиот пат кон финалето ќе продолжи“, изјави тренерот Атаман.
Ефес пропушти две меч топки да стигне до Келн, два дуела во кои „сините“ имаа и двоцифрена предност пред крајот на мечот, но преовладе желбата на тимот од Мадрид. Сега тренерот Пабло Ласо се надева дека ‘камбек’ победите ќе бидат дополнителен мотив за неговите кошаркари.
„Растевме со самата серија. Во Истанбул бевме казнети за грешките кои ги поправивме во Мадрид, а тоа ни дозволи да издржиме против толку добар тим како што е Ефес. Најдовме ситуации во кои можеме да ги повредиме и во одбраната и во нападот. Можеби последиот натпревар да не биде како ниеден од оваа сезона, но би сакале резултатот да бидат како во последните два меча“, изјави тренерот на Реал Мадрид.
The top scorers in the three remaining playoff games… ?
Will these get on a hot streak again tomorrow night? ?@foe23 65pts #RISETOGLORY pic.twitter.com/t9DbZu49XP
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 3, 2021
До пресврт ќе се обиде да стигне и Баерн Минхен во серијата против Олимпија Милано од 20:45. Италијанските стратези ни приредија вистинско надмудрување на паркетот, Олимпија славеше во првиот и вториот меч, но Баерн беше на врвот на својата задача во дуелите одиграни на домашно тло, па јасно е дека само „мајсторка“ може да го одлучи патникот во следната фаза.
„Најдобриот начин за да одиграме ваков натпревар е да го правиме тоа што го правиме целата сезона и тоа што не доведе дотука. Ова е огромен натпревар, но важно е да останеме мирни, да уживаме во моментот и да играме со концентрација“, изјави тренерот Андреа Тринкиери.
74 pts in 4 games for @KPangos
Can he help @zenitbasket topple the number 1 seed? ?#RISETOGLORY pic.twitter.com/IavzM8h25a
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 3, 2021
Најпријатното изненадување во плејфот е серијата помеѓу Барселона и Зенит за која ретко кој веруваше дека може да стигне до пети натпревар. Каталонскиот состав важеше за апсолутен фаворит откако регуларниот дел до сезоната го заврши како лидер на табелата, додека рускиот тим се намачи да стигне до последното место кое води во разигрувањето.
„Стигнавме до „мајсторка“ и време е да дадеме се од себе, се да оставиме на паркетот. Научивме многу во однос на тоа што не го остваривме и верувам дека моите играчи имаат свест и знаат дека мораат да одиграат поцврсто и подисциплинирано. Верувам дека во оваа серија не игравме како што можеме и дека на овој натпревар ќе одиграме до самиот крај и ќе пробаме да славиме“, изјави тренерот на Барселона, Шарунас Јасикевичиус.
Зенит успеа да изненади на самото отварање на серијата со победа на гостински терен, а составот од Санкт Петерсбург докажа дека местото му е меѓу најдобрите и на четвртиот натпревар во кој преку доминатна игра, Русите имаа целосна контрола на мечот.
„Знаеме дека е речиси невозможно да ја добиеме Барселона три пати во плејофот, но ќе пробаме. Ќе се обидеме да го оствариме нашиот план, да одиграме добар меч и да бидеме во истиот до самиот крај. Ако имаме прилика да го добиеме натпревар, ќе се обидеме. Што и да се случи, многу сум горд на овие играчи и на тоа што го остваривме досега“, изјави Чави Пасквал.
И двата тима заслужуваат да се најдат меѓу четиритие најдобри во Европа, но место има само за еден, а истиот ќе биде одлучен од 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА