Завршницата на евролигашката сезона 2025/26 ќе се одржи во соседството со тоа што постои голем интерес од Белград и Атина или пак повторно во Абу Дабу, пренесува специјализираниот сајт за кошарка „Баскет Њуз“.
Засега понудата на Атина е далеку подобра од онаа на Белград, но очекувањата се дека Србија ќе ја подобри понудата и дека овие два града ќе претендираат за организација на турнирот пред Абу Даби и покрај позитивното искуство од одржувањето на овогодишената завршница на Блискиот Исток.
Интересно, договорот со Абу Дабу е потпишна на една плус две години што значи дека доколку се активира опцијата организацијата одново да му припадне на овој град тоа би значело дека организаторската улога ќе ја има и во 2026 и во 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

