Барселона стигна до значајна победа на гостувањето во Грција откако во евролигашкиот класик славеше над Панатинаикос со 81-92. Во првото полувреме домаќините беа подобар противник, што резултираше на полувреме да заминат со предност од 45-38. Сепак, избраниците на Пешиќ во второто полувреме уфрлија во повисока брзина и со фуриозна игра успеаја на крајот да стигнат до целосен пресврт и триумф од 81-92. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Никола Миротиќ со 20 поени и девет скока, додека Хигинс уфрли 17. Кај поразените се истакнаа Папајанис со 14 и Фредет со 13 поени.
Анадолу Ефес продолжува со одличните партии во Евролигата. Следен на менито на турскиот тим беше германскиот Баерн кој го декласираа на гости со 63-88. Во последниот меч од вечерашната понуда во неизвесна завршница Макаби Тел Авив ја совлада Валенсија нагости со 82-85.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА