Одлуката на раководството на Барселона да не му дозволи на Томас Ертел да се качи во авион и да го остави францускиот интернационалец на аеродромот во Истанбул доби нови размери откако го привлече вниманието од голем број кошаркари, но и асоцијацијата на професионални играчи во Шпанија.
„Ова е навистина лоша порака. Не ги знам деталите, но овој наслов не звучи многу пријателски за играчите. Навистина се чудам како не го пуштиле да се качи во авионот. Отсекогаш сум гледал на Барса како клуб со најдобри стандарди во Евролигата, но доколку ова е како што изгледа навистина е срам. Не те сакаме во овој клуб и сакаме да го напуштиш, но мораш да одиш на место кое ние ќе кажеме. Па ова не е диктатура. Доколку не ме сакате, пуштете ме да си одам и да одлучам што е најдобро за мојата фамилија“ – напиша Мајк Џејмс на својот Твитер профил.
Пожесток во своите критики беше Кевин Серафан, поранешниот центар на каталонскиот клуб кој додаде.
„Смени го погледот на кој ги гледаш, јас воопшто не сум изненаден од ова. Фановите се фантастични, но управата не знае што прави. Би им понудил мозок за Божиќ“
Well. Change your way of seeing them…
Im not surprised by this…
??♂️??♂️??♂️??♂️ https://t.co/vpWgcudpN1— kevin seraphin (@french_savage) December 22, 2020
„Триесет минути по полноќ имате играч кој „лежи“ во странски град. Неговиот клуб не го пушти да се врати назад со неговиот авион. Дали е потребно да им се објасни на одговорните каква е состојбата со Ковид-19? Зарем не останува малку човешто? Во контакт сме со играчот за да му помогнеме со се’“ – напиша шпанската асоцијација на играчи во своето прво соопштение.
A las 00:30 hay un jugador “tirado” en una ciudad extranjera. Su club no le ha dejado montar en su avión de vuelta.
¿Hace falta explicar a los responsables cómo está la situación de COVID-19? ¿No queda algo de humanidad?
Estamos en contacto con el jugador para ayudarle en todo
— ABP (@abpinfo) December 22, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА