Нападот на Русија над Украина ги запре кошаркарските натпревари на руските тимови во Евролигата, а конечна одлука дали истите ќе продолжат да се натпреваруваат во елитното кошаркарко натпреварување ќе има утре по состанокот на раководството на првенството.
Во 27. коло од Еволигата до убедлива победа стигна Анадолу Ефес кој славеше над Макаби Тел Авив со убедливи 109-77. Василије Мициќ со дабл-дабл од 20 поени и 10 асистенции беше лидер на турксиот тим, додека Вилбекин беше првото име кај Израелците со 17 поени и 6 асистенции.
Жалгирис ја продолжи црната серија на Реал Мадрид која сега брои три порази едно по друго откако во Каунс славеше со 68-47. Улановс беше лидер на домаќините со 15 поени, додека 12 поени и 12 скока за гостите забележа Таварес.
Олимпијакос славеше со 67-58 над Милано за продолжување на победничката низа која сега брои три триумфа едно по друго. Слукас беше првото име кај грчкиот состав со 16 поени и 4 асистенции, а 15 поени и 2 скока за гостите постигна Хал.
На победа се радуваше и Алба која на гостински терен го совлада АСВЕЛ со 80-82. Џоунс беше првото име кај домашниот тим со 22 поени и 5 асистенции, додека Смит го предводеше тимот од Берлин со 16 поени и 5 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА