Евролигата без милост: Партизан мора да плати 50.000 евра казна

Партизан вечерва ќе го пречека Панатинаикос во новата рунда од Евролигата, а „црно-белите“ неколку часа пред дуелот со европскиот првак добија „ладен туш“ – жестока казна од Дисциплинската комисија за случувањата за време на дуелот со Олимпијакос.

Мечот мина во тензична атмосфера, беа фрлани и тврди предмети на теренот, а ситуацијата кулминираше по крајот на дуелот, кога еден навивач влета на теренот и го турна гостинскиот тренер Барцокас.

„Поради проблемите со организацијата на дуелот со Олимпијакос како и неколкуте инциденти, вклучувајќи ги навредите од трибините, фрлање предмети, влегување на навивачи на терен и контакт на навивач со противничкиот тренер, КК Партизан е казнет од Евролигата со вкупно 50.000 евра“, објавија белградските „црно-бели“ на официјалната веб-страница.

„Сакаме уште еднаш да апелираме до нашите навивачи на фер и спортски начин да ги поддржуваат црно-белите и да не прават ништо што би можело да му наштети на Партизан, да ја наруши репутацијата на клубот во Европа и да донесе финансиска штета“, додава Партизан во клупското соопштение.

Се вчитува...