По Подгорица, натпреварите од Евролигата би можеле да ги гледаме во друг главен град на балканот, Сараево. Тимот од Дубаи ја разгледува опцијата натпреварите во најсилното европско натпреварување да ги игра во главниот град на Босна и Херцеговина, што би ги зајакнало и врските со КК Босна.
Како што објавува каталонскиот „Спорт“, тимот од Емирати ќе биде домаќин на двата израелски клуба во Сараево. Прво, треба да играат во Зетра на 6. ноември против Хапеол, а потоа 10 дена подоцна против нивниот градски ривал Макаби.
Споменатиот извор наведува дека договорот меѓу двете страни е веќе постигнат, иако во распоредот на Дубаи сè уште е наведено дека домаќинот ќе биде во својата „Кока-Кола Арена“ за тие натпревари.
Покрај подобрувањето на односите со КК Босна, „Спорт“ како други причини ги наведува безбедноста и проширувањето на пазарот на клубот. Досега не е поднесено официјално барање за привремено преместување на Дубаи во Сараево, иако договорот е веќе практично постигнат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

