„Евролигата е најдобра – во НБА еден играч шутира 45 пати, и сите го гледаат“

Во последно време се поголем број кошаркари од НБА се решат да се селат во Евролигата. И покрај тоа што многумина сметаат дека НБА е врвот на кариерата на еден кошаркар, сепак, поранешниот кошаркар на Реал Мадрид и на неколку тимови во САД, Густаво Ајон има поинакво мислење.

Мексиканецот смета дека Евролигата е најдобрата лига на светот, и дека е подобра од НБА.

„Го велам тоа затоа што ги познавам двете лиги. НА е различна од она што се игра во ФИБА Америка и во ФИБА Европа. Во Европа има многу игра со топката, ред во одбрана и во напад, додека во НБА гледаме еден играч кој шутира 45 пати во натпревар, а другите само го гледаат. Или има транзиција во која целиот тим започнува, но потоа доаѓа еден играч кој ја дрибла топката и шутира, и сите се враќаат назад“, вели Ајон.

Се вчитува...