Евролигата ги пушти во продажба билетите за Фајнл-форот во Абу Даби

Меѓународното клупско кошаркарско натпреварување Евролига соопшти дека започна продажбата на билетите за завршниот турнир оваа сезона, кој ќе се одржи од 23 до 25 мај во Абу Даби.

Во објава на социјалната мрежа Х, Евролигата ја посочи веб-страницата на која може да се набават билети за „Фајнал фор“.

Полуфиналните натпревари се играат во петок на 23 мај од 19 часот и 22 часот по локално време. Натпреварот за третото место се игра во недела на 25 мај од 18 часот, додека финалето е закажано истиот ден од 21 часот.

Ова ќе биде прв пат, со исклучок на Израел, официјални натпревари во Евролигата да се играат надвор од Европа.

Се вчитува...