Кошаркарот на Фенербахче, Тарик Биберовиќ и играчот на Ефес, Илајџа Брајант се казнети и суспендирани на еден натпревар поради инцидентот што го направија на истанбулското дерби во второто коло од Евролигата.
Биберовиќ е казнет со пет илјади евра, додека Брајант мора да плати двојно повеќе пари за својот дел во инцидентот. Тепачката се случи во третата четвртина кога и двајцата играчи завршија на земја по кошот на Биберовиќ.
Во понеделникот, Брајант се огласи на социјалните мрежи и го обвини Биберовиќ за ескалација на ситуацијата. Биберовиќ одговори дека се може да се види врз основа на приложениот фото и видео материјал и дека дополнително појаснување не е потребно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА