Евролигата го казни Атаман за вербален напад на судии

Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, е казнет од Евролигата, за неговиот испад во 5. коло кога вербално ги нападна судиите на дуелот на грчкиот тим со Виртус Болоња.

Турскиот тренер беше исклучен од игра поради две технички грешки. Поради ова, Евролигата го казни Ергин Атаман со 8.000 евра.

Исто така, Евролигата го казни и тренерот на Макаби, Одед Каташ, со 5.000 евра. Каташ беше многу незадоволен по поразот на неговиот тим од Олимпијакос и коментираше за лошото судење на тој натпревар, па Евролигата го казни финансиски.

Офер Јанај, претседател на Хапоел Тел Авив, исто така беше казнет со 5.000 евра. Тој беше опоменат за несоодветно однесување на социјалните мрежи кога предизвика расправија со тренерот на Валенсија, Педро Мартинез.

Се вчитува...