Евролигата денеска го објави распоредот за регуларниот дел од сезоната 2024/25, што официјално ќе стартува на почетокот од месец октомври.
Ненад Димитријевиќ ќе биде претставник на мак-баскетот во елитното друштво по летниот трансфер од Уникс во Олимпија Милано, а македонскиот репрезентативец своето евролигашко деби ќе го има на гостински терен против тимот на Монако. Натурализираниот Американец со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс со тимот на Париз во првото коло треба да ја пречека Црвена Звезда, но ако се реализираат најавите за трансфер на Шортс во Макаби, тогаш прв ривал на експлозивниот плејмејкер ќе биде Асвел.
Белградски Партизан во првото коло ќе гостува во Шпанија на тимот на Басконија, додека европскиот првак Панатинаикос ќе ја стартува одбраната на титулата со гостување против аутсајдерот Алба.
Во второто коло Димитријевиќ со Милано ќе го пречека Париз, Црвена Звезда е домаќин на Басконија, додека Партизан го очекува ново гостување во Шпанија, овојпат против европскиот вицепрвак Реал Мадрид.
The 2024-25 EuroLeague schedule is OUT! 🎴
Check out your teams fixtures list at:https://t.co/5sT7CjFmjm pic.twitter.com/sC9XECa4Xs
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) July 15, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА