Евролигата го собори рекордот – Партизан е прв по посетеност во Европа!

Рекорден број гледачи ги следеа натпреварите од Евролигата оваа сезона од трибините, потврдија од европското натпреварување.

Просечната посетеност по натпревар беше 10.589 наспроти 10.383 минатата сезона. Тоа е зголемување од 2% и разлика од 206 продадени билети.

Вкупно на натпреварите имало 3.039.060 гледачи или 38.219 повеќе од лани. Осум клубови продадоа 90 проценти од достапните билети, што е исто така зголемување за два тима. Вреди да се напомене и дека Макаби своите натпревари не ги играше на домашен терен во Тел Авив, туку во Белград.

А, најзаслужни за рушење на рекордот се белградските тимови Партизан и Црвена Звезда.

Партизан повторно ја предводеше лигата со просечни 18.486 навивачи и 98% зафатеност на „Белградска арена“ (еден натпревар во „Пионир“) каде ги играше своите натпревари. Веднаш по нив следи Црвена Звезда со 18.239 навивачи и 94% зафатеност на арената (два натпревари во „Пионир“).

Во Топ 5 се и Панатинаикос, Жалгирис и Олимпијакос, кои забележаа личен рекорд со 11.546 гледачи по натпревар.

Најголем напредок меѓу клубовите забележа Баерн, откако се пресели во нова сала со капацитет од 12.500 седишта. Оваа сезона САП Арената имаше просечен исполнет капацитет од 97% со 10.872 фанови во просек.

Се вчитува...