Реaл Мадрид ќе биде сериозно ослабен за утрешната пресметка со Фенербахче откако Марио Хезоња доби суспензија од Евролигата поради конфликтот со судиите на натпреварот со Монако.
Хрватскиот крилен кошаркар играше на вчерашниот дуел со Ефес, но денеска му беше изречена суспензија од еден натпревар и парична казна од 5.000 евра. Хезоња беше исклучен поради караница со судијката, тој најпрвин не забележа дека му е покажана исклучувачка грешка и седна на клушата за резерви, но кога разбра што всушност се случи полуде и влезе во огромен конфликт со судиското трио.
Мора да реагираат останатите кошаркари на Реал кои едвај го изнесоа Хрватот кон соблекувалната, а „дисциплинците“ на Евролигата решија соодветно да го казнат Хезоња за ваквото однесување. Останува да се види дали Реал ќе поднесе жалба, со што суспензијата би била одложена до конечната одлука, што би значело дека тој ќе може да игра против Фенер, но потоа да го пропушти големото дерби со Барселона во 27. рунда од Евролигата.
Проблемите за тренерот Матео се уште поголеми ако се знае дека Џанан Муса се повреди на вчерашниот меч со Ефес и босанскиот кошаркар сигурно нема да може да настапи утре против Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

