Евролигата не дозволува навивачко дивеење: Казна од 30 илјади евра за Партизан

Кошаркарскиот клуб Партизан денеска одново ја почувствува немилосрдноста на казните во Евролигата. Белградскиот тим е казнет со 30 илјади евра поради дивеењето на неговите навивачи на гостувањето во Валенсија.

Покрај тоа „црно-белите“ добија и забрана за присуство на навивачи на следниот гостински натпревар, кој интересно е против најголемиот ривал Црвена Звезда, натпревар на кој сеедно Партизан немаше да има поддршка од трибините со оглед на забраната за гостински навивачи во големите српски дерби пресметки.

Се вчитува...