Евролигата во сезони кои следат ќе добие дополнителни промени кои ги најави генералниот директор на најсилното европско кошаркарско првенство, Паулиус Мотејунас.
За сезоната 2025/26 бројот на екипи е зголемен за две со што вкупниот број ќе изнесува 20, а во иднина кога и овој број ќе биде зголемен ќе има и дополнително проширување на 24 екипи со тоа што натпреварувањето ќе добие промена и во системот кој ќе биде сличен на оној во НБА со конференции.
„Знаеме дека лигашкиот систем не може да содржи преку 20 тимови, разговаравме за тоа со Нахбар и Здружението на играчи на Евролигата. Доколку повторно се шириме, ќе го промениме и системот. Ќе има конференции, но и покрај тоа ќе игра секој со секој. Не сакаме да сметаме на ждрепка, и неизвесност дали ќе може да се натпреварувате против сите.
Постојат и други, многу квалитетни тимови кои сакаат да ни се приклучат. Истотака, еден од сопствениците (ЦСКА) е суспендиран поради војна. Сакаме лигата да содржи 24 екипи, но без намалување на квалитетот. Ќе го почитуваме календарот на домашните натпреварувања и ќе се однесуваме како дел од кошаркарски екосистем. Тоа го кажавме и на разговор со ФИБА. Сакаме да растеме, но нема да газиме по другите“, изјави Мотејунас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

