Евролигата се шири на 20 клубови, лиценца и за Партизан и за Црвена Звезда

Евролигата неодамна го потврди истиот натпреварувачки формат и за наредната натпреварувачка сезона, но елитното европско натпреварување планира коренити промени веќе од сезоната 2025/26.

Како што јавува грчкиот портал „Газета“ од добро упатени извори, Евролигата е подготвена да го зголеми бројот на учесници, од 18 на 20. Со самото тоа , ќе бидат доделени и „среднорочни лиценци“ на три до пет години на клубови како Партизан и Црвена Звезда, кои во последните години редовно учествуваа во ова натпреварување, но секое лето мораа да чекаат абер дали ќе бидат дел од елитата.

Бројот на тимови со лиценца ќе се зголеми на 16, а се очекува дел од Евролигата да стане и Дубаи, доколку овој клуб ги реализира најавите за создавање на компетитивен ростер. Дополнително ќе биде решено дали овие 20 тима би играле во лигашки систем, или ќе бидат поделени во две групи.

Меѓу останатите теми на дискусија за клубовите акционери, повторно актуелна е желбата за воведување на „селари кап“, кој би изнесувал најмалку седум, а најмногу 12 милиони евра годишно што клубовите ќе можат да ја потрошат како плата за кошаркарите во една натпреварувачка сезона.

Во текстот на „Газета“ се најавува дека овие промени се уште не се излгасани, но постои расположение кај мнозинството клубови за такво нешто и се очекува за нив да се гласа за време на новата натпреварувачка сезона.

Се вчитува...