Евролигата се смилува – Милош Теодосиќ ќе игра против својот Олимпијакос

Дисципилнската комисија на Евролигта го прифати барањето на Виртус Болоња за намалување на казната на Милош Теодосиќ за немилите сцени на натпреварот против Анадолу Ефес во кој српскиот интернационалец беше исклучен кон средината на последната четвртина кога тргна да да го тепа судијата.

Поради инцидентот доби суспензија од два натпревара што значеше пропуштање на средбите против Црвена Звезда и Олимпијакос, но искусниот 35-годишен Србин сепак ќе биде на теренот против својот Олимпијакос во петок.

Теодосиќ „црвено-белиот“ дрес на грчкиот состав го носеше од 2007 до 2011 година и со него освои две титули во грчкиот Куп, а беше и МВП на Евролигата во 2010 година.

Се вчитува...