Грчкото дерби меѓу Олимпијакос и Панатинаикос продолжува да биде главна тема на кошаркарската јавност, откако инцидентите продолжија и по неговото завршување.
Еден од главните актери на скандалот беше Кендрик Нан, кој по мечот им покажа средни прсти на навивачите на Олимпијакос, што предизвика големо негодување кај црвено-белите и резултираше со жалба кон Евролигата.
Како одговор на жалбата, Евролигата донесе одлука за казни во вкупна вредност од 37.000 евра, со санкции за клубот, како и за Кендрик Нан, тренерот на Панатинаикос Ергин Атаман и сопственикот на клубот Димитрис Јанакопулос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА