Евролигата со жестока казна до Партизан и Црвена Звезда

Белградското дерби во кое Црвена Звезда стигна до минимална победа како гостин против Партизан и тоа пред илјада свои навивачи донесе жестока казна поради дивеењето на најверната публика и палењето на факели.

Имено, Евролигата го казни Партизан со 50 илјади евра и намалување на капацитетот на 80 отсто за следниот домашен натпревар, додека Црвена Звезда доби казна од 20 илјади евра.

Двата српски тимови се во битка за плеј-офот во најелитниот европски кошаркарски шампионат. Црвена Звезда е во подобра позиција со скор од 16-10, додека Партизан е на скор од 13-12 пред вечерашното гостување кај Монако.

Се вчитува...