Црвена Звезда беше драстично финансиски казнета од Евролигата поради инцидентите што ги направија навивачите на „црвено-белите“ за време и по натпреварот со Жалгирис, што вицешампионот на АБА по голема битка го загуби на домашен терен.
Фановите незадоволни од судиските одлуки неколку пати го прекинуваа мечот со фрлање на предмети на теренот, а ситуацијата ескалираше по завршувањето на средбата, кога со најразлични предмети беа гаѓани судиите додека се упатуваа кон соблекувалните.
Поради сите овие инциденти, „црвено-белите“ од Белград ќе мора да издвојат 30.000 евра на ие казна за „повторување на инциденти од страна на публиката“.
Екипата на Партизан е казнета со „само“ 3.500 евра поради инцидентот на навивачите на дуелот со Баерн Минхен кога беа фрлени предмети на теренот.
Санкциониран е и кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, кој ќе мора да плати 2.500 евра за повторување на изјави во јавноста поврзани со судењето на натпреварите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА