Европа „бруи“: Олимпијакос и го пушти натпреварот на братска Црвена Звезда

Кошаркарите на Црвена Звезда, и покрај тоа што се во лоша форма и со сериозни проблеми и во играчкиот кадар, синоќа приредија огромно изненадување во Евролигата победувајќи го најдобриот тим во лигата Олимпијакос и тоа среде Атина.

Токму големото изненадување предизвика лавина реакции во кошаркарска Европа која „бруи“ дека Олимпијакос и го пуштил натпреварот на Црвена Звезда, клуб со кого се во крајни братски односи.

„Очигледно беше дека Олимијакос не игра ниту со 20% од можностите. Јасно е дека сака да дозволи браќата од Црвена Звезда да го добие натпреварот, затоа што тие секако се со осигурано прво место на табелата пред плеј-офот“ – се дел од коментарите.

Но, од таборот на Црвена Звезда потенцираат дека сите тие пишувања се „надвор од разумот“.

Се вчитува...