Македонија вечерва од 20:30 часот против домаќинот Данска го стартува својот настап на Европското првенство 2026, уште едно наше присуство на собирот на најдобрите на Стариот континент.
И, повторно, неизбежно со силна поддршка за ракометарите од македонската „Фаланга“ која и овој пат ќе биде присутна во Хернинг. Македонски навивачи отпатуваа и од Скопје за Хернинг, пристигнувајќи денеска по 48 часа пат, а ќе бидат дополнети и со бројни македонски иселеници од Данска, Шведска, Германија…
Филип Кузмановски и Никола Митревски, гостувајќи во најновната епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, пред денешниот старт на Европското првенство 2026 и првиот натпревар со Данска уште еднаш искажаа огромна благодарност до „Фалангата“ за целокупната поддршка истакнува
„Веруваме како и досега дека ќе имаме максимална поддршка од нашите најверни навивачи а ние им ветуваме максимална борба на терен. Европа и светот секогаш се чудат како Македонците ги има секогаш секаде на секое првенство со толкава поддршка за репрезентација. Тие се наша гордост, и ние ќе направиме се за и сега во Данска да ги направиме среќни“ – порачаа Кузмановски и Митревски.
КОМПЛЕТНИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ И НИКОЛА МИТРЕВСКИ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

