Европската тениска елита ја одбрани титула во егзибицискиот Лејвер Куп. Роџер Федерер го предводеше тимот кој успешно ги одби нападите на составот на Светот на последниот натпреварувачки ден.
Федерер успеа да спаси три меч топки и ја доби пресметката со Џон Иснер со 2-1 во сетови со што ја доведе неговата екипа во предност и на чекор до триумф. Претходно токму Федерер во тандем со Александар Зверев го загуби мечот во двојки од Иснер и Сок. Победа која го доведе составот на Светот до израмнување.
По победата на Федерер, Зверев го запечати успехот на европскиот тим со победата од 2-1 во сетови над Кевин Андерсон. Во тој момент резултатот веќе беше 13-8 на Европејците, па Новак Ѓоковиќ немаше потреба да го игра мечот против Ник Кирјос.
Ова беше второ издание на Лејвер куп натпреварувањето, втора година по ред се поуспешни тенисерите од Европа. Егзибицискиот дуел меѓу најдобите тенисери од Стариот континент од една и од остатокот од светот од друга страна се одржува во „Јунајтед центар“ во Чикаго.
You never forget the first time you lift the #LaverCup.@DjokerNole #TeamEurope2018 pic.twitter.com/8jMMIx4N04
— Laver Cup (@LaverCup) September 24, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА