„Камп Ноу“ одекна во еден глас – „УЕФА мафија“!

Притиснат од наследените долгови и уништената репутација, новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, синоќа доживеа ново фијаско откако неговиот тим загуби во дуелот со Баерн Минхен по што доживеа елиминација во раната фаза од ЛШ.

Залудно и вложени 153.000.000 евра летово, каталонскиот гигант, како што пренесува локалниот „Спорт“, синоќа изгледаше како играчка во рацете на ѕверовите на Баерн. Особено поразителени се бројките кои укажуваат на фактот дека Барса не успеала да упати ниту еден удар во противничкиот гол. Секако, не беше ни реално Лапорта и Чави да ги решат сите наталожени проблеми за едно лето.

Инвестициите се уште не се враќаат, а се повеќе се чини дека формирањето на европска Суперлига со значително поголеми приходи за најбогатите би било единствениот спас за клубот од Каталонија. Ова многу добро го знаат и фановите на клубот, па по крајот на мечот тие се одлучија да го испеат стихот – „Уефа, мафија“. Дополнителна причина беше и одлуката на судијата да го поништи пеналот по контактот помеѓу Матијс де Лихт и Роберт Левандовски по консултација со ВАР.

Претходно, европската куќа на фудбалот го одби барањето на Барса однапред да и исплати пари од ТВ правата за учество во Лигата на шампионите во наредните години. Под многу логично објаснување: кој ви гарантира дека ќе играш во Лигата на шампионите?

И иако таквиот исход не изгледаше веројатен, никој не можеше да замисли дека Барселона последните две сезони ќе ги заврши веќе во групната фаза. Во минатото, клубовите трепереа пред Барселона, а денес „машинеријата“ за голови и победи очигледно е расипана, па се уште се нема најдено некој што ќе знае како да ја поправи.

Се вчитува...