Македонските одбојкари и по четврти пат ја внесуваат земјата во Европа, меѓу најдобрите на одбојкарската сцена.
Никола Ѓоргиев и момците и четврти пат едноподруго следната година ќе бидат дел од најдобрите на Стариот континент. Сето тоа за сосема заслужена радост вечерва во СЦ „Борис Трајковски“, по одлучувачкиот триумф над Грузија. Радост која македонските одбојкари ја поделија со фановите, со најблиските, со љубените….
Најголемиот успех на македонските одбојкари досега во историјата е пласманот во осминафиналето на Европското првенство во 2023 година, на кое и ние бевме домаќини. Сега, пред Јошко Миленкоски, за кого целата македонска спортска јавност посакува да остане на кормилото на националниот тим и на ова ново европско првенство, ќе има нов предизвик за успешно претставување на Македонија на европската одбојкарска сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА





















































