„Европејците се виновни за тоа што се игра лоша одбрана во НБА“

Поранешниот НБА кошаркар Џилберт Аренас има интересен поглед на состојбата во која се наоѓа НБА, како и причината за проблемот.

Говорејќи во подкаст, Аренас ги нападна европските кошаркари кои играат во НБА. Тој го претстави сето она што ја збогати кошарката во Соединетите Американски Држави во негативна конотација и ги обвини „дојденците“ за се послабите перформанси на одбраните во актуелната ера.

„Знам што треба да направи НБА – да се ослободиме од Европејците. Одбрана се учи на колеџ. На кој факултет одат Европејците? Тие не се доволно добри спортисти, ниту се брзи или скокачки. Тие се слабост во одбраната. Имаме 150 Европејци во лигата, а никој од нив не е врвен дефанзивец. Се издвојуваат само Руди Гобер и Јанис Адетокумбо“, изјави Аренас.

Се вчитува...