Фудбалските клубови од Саудиска Арабија не престануваат да се „расфрлуваат“ со милиони, со цел да дојдат до потписите на големите фудбалски ѕвезди кои играат во Европа. Така во оваа сезона имаше наплив на големи имиња кои се упатија кон оваа земја, пред се од финансиски аспект.
Прво Роналдо, потоа Бензема, Канте, Менди, Махрез, Милинковиќ-Савиќ… и многу други потпишаа за клубови од оваа земја. Веќе неколку месеци наназад во Европа се зборува дека понудите од оваа земја ќе го „уништат“ фудбалот, а европските клубови веќе почнуваат да се штитат од богатите понуди.
Според извештаите на италијанските медиуми, Виктор Осимен во својот нов договор со тимот на Наполи ќе има т.н. „анти саудиска“ клаузула. Односно ќе има две клаузули, од кои едната ќе биде за интерес од клубови од Европа, а друга за интерес за клубови од странство.
Останува да се види дали ова ќе се реализира, и тоа каква ќе биде реакцијата од страна на клубовите од Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

