Англија против Франција. Европска класика за пласман меѓу најдобрите четири селекции на Светот каде што се веќе Хрватска и Аргентина. Ако сака да се бори за пехарот, Англија ќе мора да го елиминира светскиот првак, што никогаш не му успеало на досегшните Светски првенства.
Англија славеше победа над Сенегал од 3-0 на патот кон 1/4 финалето, и тимот е во добра форма. Се враќа и Рахим Стерлинг кој мораше да отпатува во Лондон поради грабеж во неговиот дом, и сега ќе биде во комбинација, со што селекторот Саутгејт ќе има дополнителна опција во нападот.
„Чувствувам дека градењето на оваа селекција се исплати. Дојдовме на овој Мундијал со надеж дека ќе го освоиме“, рече Хари Кејн.
Селекторот Герет Саутгејт истакна дека го респектира францускиот национален тим.
„Ако зборуваме за Франција, тоа е еден фантастичен тим, еден од најдобрите во Светот. ние сме свесни за квалитетот на играчите и подготвени сме да дадеме се од себе“, рече Саутгејт.
Франција се надева дека формата на Килијан Мбапе и на Оливие Жиру ќе продолжи, и дека ќе успее повторно да дојде до полуфиналето, па и до финалето да го брани големиот трофеј освоен во 2018 година во Москва.
„Навикнати сме да играме против Англичани. Ние тренираме со нив во Англија и тоа може да ни помогне, односно да ги знаеме што подобро. Сепак, Англија има добри играчи, и мислам дека ќе одлучуваат детали“, рече голманот на Франција, Хуго Лорис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА