Зад македонската одбојкарска репрезентација е успешен настап во Европската златна лига со која што „црвено-жолтите“ се сретнаа со силни противцини, а на крајот настапот го завршија на десеттата позиција што е место повисоко во однос на лани.
Во вкупниот впечаток ќе влезе и поединечното рангирање во кошето ние имаме двајца одбојкари на врвот на листите – Никола Ѓорѓиев е најдобар поентер, додека Филип Савовски е најефикасен меѓу блокерите.
Ѓорѓиев освои 138 поени на шесте натпревари и е најдобар поентер во лигашкиот сегмент, а македонскиот капитен е и прв напаѓач со 126 поени од акција не сметајќи ги блоковите и асовите. Зад него останаа хрватскиот коректор Петар Џирлиќ и белгискиот Рехерс што зборува доволно за остварувањето на Ѓорѓиев.
Задоволство има и за поредокот кај средните блокери затоа што Филип Савовски е на чело на листата на којашто се одбојкарите на оваа позиција според вкупниот број освоени поени. Тој има 62, два повеќе од играчот на Трентино, Белгиецот Де Хер. Савовски оствари 20 блока исто како и Јакопец од Хрватска, со напомена дека Хрватот има подобар просек во сет во втората децимала, па во оваа статистичка категорија нашиот блокер е втор во најсилното годишно натпреварување на ЦЕВ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА