Европската авантура на Пелистер продолжува во Загреб

Пелистер не успеа да ги мине квалификациите за Лигата на Шампионите, но битолчани својата дебитантска европска сезона ќе ја продолжат во рамките од ФИБА Европа купот.

Цедевита јуниор од Хрватска и Керавнос од Кипар се ривали на „пелистерци“ во групата Д, последна екипа од оваа група би требало да биде Левице од Словачка, но овој клуб се уште се натпреварува во квалификациите за ЛШ и доколку биде елиминиран од ова натпреварување (попладнево ќе го игра полуфиналето на групата против Калев), Левице ќе биде противник на македонскиот тим во ФИБА Европа купот.

ФИБА денеска го објави и распоредот на натпреварите, „пелистерци“ за нешто повеќе од еден месец (од 15 октомври до 19 ноември) ќе одиграат шест меча во кои ќе се обидат да стигнат до едно од првите две места во групата.

Македонскиот претставник во првото коло на 15 октомври во Загреб ќе гостува на Цедевита Јуниор, а првиот историски европски меч во Битола ќе го игра седум дена подоцна, против Левице или (доколку Словаците стигнат до билет за ЛШ) екипа што би го зазела местото на словачкиот клуб во ФИБА Европа купот.

Се вчитува...