Европската џудо унија со специјален видео-материјал ја најави Македонија како домаќин на ЕП 2025! (ВИДЕО)

Европската џудо унија денеска со специјален видео материјал го најави претстојното Европско првенство за кадети и кадетки на кое домаќин ќе биде Македонија.

Европскиот шампионат ќе се одржи од 26 до 29 јуни во Скопје. Натпреварувањето ја опфаќа возрасната категорија кадети во машка и женска конкуренција родени 2008/09/10 година со  вкупно 16 тежински категории (осум во машка и осум во женска категорија). Борбите ќе се одвиваат во поединечна и екипна конкуренција.

На овој настан ќе биде присутна целата европска и светска џудо елита на чело со претседателот на ЕЏУ (Европска џудо унија), Ласло Тот.

Се вчитува...