Европската Суперлига тргнува во уривање на Лигата на шампионите

Најбогатите европски клубови тргнуваат во формирање на нова Европска суперлига. Во Суперлигата би требало да настапуваат Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Јунајтед… Англиските гиганти се главни заговарачи на оваа идеја.

Шпанскиот Ас пренесува како натпреварувањето би требало да стартува во јуни 2022 година и дека во него ќе има 18 екипи. Би се играло по НБА модел, во кој сите тимови би играле меѓусебно, а победникот би се одлучувал на завршен плеј-оф кој ќе се игра на еден стадион.

За организација се потребни шест милијарди долари, а њујоршката банка „ЏП Морган“ е веќе подготвена за биде главен спонзор на новото натпреварување. Формирањето на ваква лига би значело уривање на Лигата на шампионите на УЕФА.

Од друга страна претседателот на УЕФА, Александар Чеферин вели дека не смее да се формира вакво натпреварување бидејќи тоа ќе биде „убиство“ на вистинските фудбалски вредности.

Се вчитува...