На 6 и 7 јули во Охрид втора година по ред ќе се одржи Јуниорски еврипски триатлон куп и Национално првенство во организација на Триатлон федерација на Македонија во соработка со Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“. На триатлонот настанот ќе учествуваат 150 натпреварувачи од 20 земји, а бројката на пријавени ќе достигне до 200 учесници.
„Сакам да изразам голема благодарност до Општина Охрид која повторно ни ја даде довербата и ни дозволи да организираме нов Триатлон со меѓународен карактер. Исто така сакам да се заблагодарам до СВР Охрид, Агенцијата за млади и спорт, Македонскиот олимпискио комитет (МОК) кои ни помогнаа овој настан да го организираме на многу високо ниво. Над 150 натпреварувачи од 20 земји ќе бидат дел од вториот Триатлон. Очекуваме до в сабота кога завршува пријавување да достигне 200, но и вака е добро со оглед на периодот во кој се одржува“ – рече претседателот на македонската триатлон федерација, Иван Михајлоски.
Севкупната оценка од новото издание на Јуниорски еврипски триатлон куп и Национално првенство ќе ја даде делегатот на Европската триатлон унија, Људмила Медан.
„Ова не е мое прво доаѓање во Охрид, туку второ бидејќи минатата година на Триатлонот бев во улога на селектор на српската триатлонот репрезентација. Триатлонот успеа повторно да не зближи сите земји од поранешната југословенска република. Кога дојдов вчера осети топлина и воопшто не чуствував како гостинка, тукуа како домаќин и дел од организацијата. Охрид има фантастични предуслови, во некои други градови копнеат по вакви услови и ги измислуваат се со цел да ја доловат природата и нејзината убавина, нешто што Охрид го има изобилство. Верувам дека викендот во знакот на Триатлонот ќе помине во најдобар ред и сите заедно ќе уживаме во натпреварувачкиот дел“ – изјави Медан.
Во недела официјалниот почеток на Триатлонот е во 8 часот а тековно потоа ќе стартуваат трките поделени во возрасни категории.
„Пред се би сакал да побарам разбирање од граѓаните на Охрид и туристите во нашиот град околу режимот на сообраќај кој ќе го има в недела од 7:30 до 16:30 часот. Патот од кружниот тек пред СРЦ „Билјанини Извори“ до кружниот тек пред влезот за Хотелот Инекс Олгица ќе биде затворен. Сообраќајот во тој сегмент од патот ќе се одвива на другиот пат двонасочно, што значи дека автомобилите и јавните превози ќе можат да се движат кон плажите. Во неколку наврати заедно сме покажале дека можеме да функционираме како еден и да направиме настан по светски терк а верувам дека можеме и сега. Безбедноста на натпреварувачите ни е на прво место а за тоа да биде се спроведено сите ќе мора да ги почитуваат наредбите од изработени од наша страна со СВР Охрид“ – истакна Цветкоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА