Eвропски вицепрвак суспендиран поради кршење на допинг правилата

Францускиот атлетичар Вилфред Апио е привремено суспендиран поради неисполнување на обврската да биде достапен за допинг-тестирање, објави Одделението за атлетика за интегритет (AIU).

За привремена суспензија според член 2.4 од Светските регулативи за анти-допинг, спортистот мора да ја прекрши обврската за тестирање три пати во рок од една година или да направи пропуст при пополнување на формуларот за локација.

Апио (26) е сребрен медал на Европското првенство 2022 година во Минхен на 400 метри со пречки, додека на Светското првенство во Јуџин истата година беше четврти.

Се вчитува...