Шпанскиот репрезентативец Родри изјави дека европскиот фудбал губи многу поради заминувањето на голем број играчи во Саудиска Арабија, пренесуваат шпанските медиуми.
Голем број фудбалери од европските клубови решија кариерата да ја продолжат во екипи од Саудиска Арабија во текот на летниот преоден рок, а меѓу нив се Карим Бензема, Нејмар, Н’Голо Канте, Фабињо, Садио Мане…
Родри, кој е член на Манчестер Сити, потсети дека многу млади играчи одат во клубови од Саудиска Арабија, а со тоа многу губи европскиот фудбал.
„Европскиот фудбал многу губи во оваа ситуација. Одлуката на играчот да оди таму е многу лична. Тоа е сосема разбирливо поради сумата што ја нудат во Саудиска Арабија. Би го третирал како лична работа. Тоа се одлуки кои треба да се почитуваат, но верувам дека некој треба да ја контролира оваа ситуација“, заклучи Родри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

