Селекцијата на Швајцарија го живее сонот за настап на Светското првенство во Катар, откако успеа да обезбеди победа над Бугарија од 4-0.
Ноа Окафор го отвори резултатот во 48. минута, а по само девет минути игра, Рубен Варгас стрелаше за 2-0 и големо славје на трибините. Конечниот резултат го поставија Седрик Итен во 72. и Ремо Фројлер во 90. минута.
Вистинска сензација приреди европскиот шампион, Италија одигра само реми на гостински терен против Северна Ирска (0-0), а ваквиот исход и носи бараж како последна шанса и надеж за учество во Мундијалот.
https://d32h9bi2u31gge.cloudfront.net/uploads/004466.mp4?autoplay=true&loop=true
https://d32h9bi2u31gge.cloudfront.net/uploads/d1ac8c.mp4?autoplay=true&loop=true
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА