Кошаркарите на Валенсија го совладаа тимот на европскиот првак Фенербахче со 92-79 на свој паркет. Ни целосна доминација во текот на целиот меч, шпанската екипа на крајот беше подобра и заслужено ја славеше четвртата победа, додека Фенербахче го запиша и четвртиот пораз во седмиот меч.
Импресивна прва четвртина имаше Валенсија, која ја доби со убедливи 27-13, а на полувреме замина со предност од 16 разлика. И во третиот период ја зголеми разликата, а шансата за пресврт Фенер ја имаше на стартот од четвртиот период, кога дојде до 13 поени разлика, меѓутоа секогаш Валенсија наоѓаше начин како повторно да се одлепи, и на крај му избега на противникот на недостижна разлика.
Тејлор кај победничкиот тим беше најефикасен, додека Биберовиќ кај Фенер постигна 18 поени.
Во Париз славје на Анадолу Ефес. Турскиот тим и некогашен европски првак дојде до победа од 90-80 со одлична игра во вториот и третиот период, со која Анадолу направи недостижна разлика за француската екипа.
Ларкин со 19 и Османи со 18 го предводеа Ефес до овој триумф. Кај Париз Ерера и Хифи постигнаа по 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

