Кошаркарите на Дубаи на свој терен го победија европскиот првак Фенербахче 92-81 во 21. коло во Евролигата. Фенербахче уште од стартот имаше проблеми да се пронајде себе во играта, а Дубаи само ја зголемуваше разликата, и на крајот дојде до победата.
Драматично беше само на почетокот на четвртиот период, кога Фенер стигна до -4 разлика, но веднаш со 5-0 Дубаи одново се одлепи и не му дозволи на противникот да се надева дека може да ги земе бодовите од ова гостување.
Рајт кај Дубаи беше најефикасен со 22 поени, додека Камењаш имаше 20 поени и 15 скока. Кај Фенер Болдвин уфрли 21 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

