Европскиот шампион е последниот директен четвртфиналист во Лигата на шампионите

Европскиот шампион Магдебург е последниот директен четвртфиналист во Лигата на шампионите откако го совлада Веспрем со 28-30 (14-14).

Во израмнет натпревар Германците беа посмирени на крајот и дојдоа заслужено до победата, предводени од Клар со девет погодоци. Кај Веспрем се истакна Фабрегас со осум гола.

ГОГ Гудме му го нанесе четиринаесеттиот пораз на Целје, победувајќи со 30-34.

Во групата Б, Барселона доколку го победи Монпелје ќе го преземе врвот од Магдебург, трет е Веспрем, а ГОГ чека услуга од Каталонците за да остане четврти. Директна битка за место во осминафиналето водат Висла Плок и Порто.

Се вчитува...