Европскиот шампион Португалија во Скопје, Скендеровски повикува на поддршка на македонската футсал-селекција (ВИДЕО)

Македонската футсал репрезентација денеска од 19 часот во СЦ „Јане Сандански” во Скопје се соочува со европскиот шампион Португалија во квалификациите за Европското првенство 2026.

Јасно е дека Португалците се огромен фаворит, но македонскиот селектор Васко Скендеровски вели дека секој од поединците во тимот ќе го даде максимумот за надигрување со европскиот шампион во желбата да се приреди спектакл пред домашната футсал-публика.

„Против актуелниот европски и поранешен светски шампион. За жал ќе бидеме десеткувани, без шест стандардни првотимци, но и тоа не смее да не демотивирани и сите новоповикани и оние кои сме тука мора да ја оправдаат довербата. Реално, тешко е да се очекува поволен резултат против европски и светски шампион, но ќе дадеме се од себе да ги задоволиме љубителите на фудбалот со едно вистинско надигрувањет, затоа што е реткост европски шампион да гостува во нашата држава. И затоа очекувам и полна сала и поддршка од нашите навивачи“ – вели селекторот Васко Скендеровски

Билети по цена од 200 денари може да се набават преку продажната мрежа на MkTickets и, денеска и на билетарата во СЦ „Јане Сандански“.

Се вчитува...