УЕФА и официјално го потврди распоредот на натпреварите за продолжението од квалификациите за пласман на Европското првенство за фудбалери до 21 година.
Квалификациите ги продолжуваме на 3. септември кога во Скопје ќе гостува европскиот шампион Шпанија. Веднаш потоа, на 8. септември, Македонија ќе гостува на Фарските острови во мечот кој претходно беше одложен поради лошите временски услови на Фарските острови.
Македнија, како што е познато, е во група со Шпанија, Казахстан, Израел, Црна Гора и Фарски острови. Во моментов тимот на Благоја Милевски е на четвртата позиција на табелата со 7 бода од четири натпревари. Шпанците се неприкосновени на врвот со 13 бода од пет дуели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА