Европскиот шампион во проблеми – Швајцарија со „еврогол“ поведува на гостувањето кај Италија (ВИДЕО)

Европскиот шампион Италија се наоѓа во проблеми бидејќи веќе има негатива од 0-1 против Швајцарија, на одлучувачкиот натпревар за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година.

Стрелец за Швајцарците беше Силван Видмер во 11. минута. Италија доколку не триумфира на овој меч ќе мора преку баражот да бара место на завршниот турнир во Катар, што ќе предизвика дополнителен проблем бидејќи само три репрезентации ќе се пласираат таму.

И покрај тоа што летово стигнаа до титулата на ЕВРО, италијанскиот народ се ќе заборави доколу втор пат во низа „аѕурите“ не играат на Мундијалот, откако го пропуштија тој во Русија во 2018 година.

 

Се вчитува...