Асоцијацијат на европски клубови, предводена од шефот на Јувентус, Андреа Ањели ќе почне преговори со УЕФА за промени во форматот на Лигата на шампините. Клубвите имаат намера да предложат систем со промоција и испаѓање од лигата, натпревари во текот на викендот, а секако ќе бараат и поголеми награди и повеќе пари од телевизиските права.
Состанокот кој е закажан за вторник го потврдуваат и од УЕФА. Преговорите во принцип може да се однесуваат на перидот по 2024 години со оглед дека клубовите и УЕФА имаа важечки договор од тогаш.
Европската асоцијација е под притисок на клубовите особено откако беа објавени инфромации за формирање на Супер-лигата која ја иницирале дел од најбогатите тимови на контиентот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

