Европските гиганти се заинтересирани за услугите на фудбалерот на Јувентус, Даглас Коста, пренесуваат италијанските медиуми. Во трката за потпис на Коста, влегува и Тотенхем, кој наредното лето планира два големи трансфера. Покрај Тотенхем, Бразилецот е на радарот и на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен и Интер.
Од таборот на Јувентус се подготвени да размислат за продажба на Бразилецот, но само под услов трансферот да вреди минимум 50 милиони евра. Даглас Коста по одличната прва сезона во италијанскиот шампион, каде беше како позајмен фудбалер од Баерн Минхен, ги убеди челниците на „Старата дама“ да го откупат за 40 милиони евра, но по потпишувањето на четиригодишниот договор, формата на Бразилецот е во надолна линија.
Сезонава одигра 24 натпревари, од кои само 10 како стартер, а засега има постигнато еден гол и две асистенции. Коста поради повреда месец и пол е надвор од терените, а во текот на сезоната беше и суспендиран четири натпревари поради плукање на фудбалерот на Сасуоло, Федерико де Франческо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА