Актуелните европски шампиони, италијанските фудбалери пристигнаа во Изерлон, во близина на Дортмунд, каде ќе престојуваат за време на Европското првенство во Германија.
Тренерот Лучијано Спалети и неговите играчи беа пречекани од околу стотина навивачи и претставници на силната италијанска заедница која живее во западниот дел на Германија.
Италијанската експедиција го напушти тренинг кампот во Коверчани и полета од Фиренца за Дизелдорф, од каде со автобус се упати до хотелот каде што ќе бидат сместени барем во групната фаза од натпреварувањето.
Италија ќе ја започне одбраната на титулата на 15. јуни во Дортмунд против Албанија. Во второто коло пет дена подоцна Италија ќе игра против Шпанија во Гелзенкирхен, а во последното коло на 24. јуни во Лајпциг против Хрватска.
Италијанските фудбалери денеска попладне во Изерлон ќе го имаат првиот тренинг во Германија кој ќе биде отворен за јавноста.
𝑰𝒔𝒆𝒓𝒍𝒐𝒉𝒏 🚍🚩#EURO2024#Nazionale #Azzurri #VivoAzzurro pic.twitter.com/bPpSQRcHvI
— Nazionale Italiana ⭐️⭐️⭐️⭐️ (@Azzurri) June 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА