Европско првенство во традиционално карате викендов во Скопје

Престојниов викенд во Скопје, во организација на Македонската федерација за традиционално карате (МТКФ) ќе се одржи 36. ЕТКФ Европски шампионат и куп во традиционално карате за сите возрасти.

Пред точно 20 години во 2004 година МТКФ за прв пат беше организатор на ова големо натпреварување каде нашата федерација се покажа како одличен организатор. Овој пат Европскиот шампионат ќе се одржи во СЦ Јане Сандански со почеток од 11 часот. Свеченото отварање ќе се одржи во сабота од 14 часот.

 

Покровител на овој значаен настан е Универзитетот Скопје, а првенството ќе го отвори Ректорот проф. д-р Аце Миленковски. Подржувачи на настанот се Агенција за млади и спорт и Македонскиот Олимписки Комитет. На Европскиот шампионат ќе учествуваат 15 земји со над 350 натпреварувачи.

Се вчитува...